Производи
-
Намотка за далечинска контрола
Намотка за исклучување овозможува далечинско исклучување на заштитната АС склопка. Намотката е предвидена за краткотрајна реакција и овозможува брзо прекинување на енергетските контакти на заштитната АС склопка. Напонот на реакција е од 85% – 115% од номиналниот напон ( 230V/50Hz). Во намотката е вграден контакт кој овозможува прекинување на напојувањето до намотката по извршена реакција со што овозможува заштита од прегорување на намотката за исклучување.
-
ОГ табли
ТИП Модули Монтажа Големина TSM-4 4 OГ 112x198x85 TSM-6 6 OГ 148x198x85 TSM-8 8 OГ 184x198x85 TSM-12 12 OГ 254x198x85 TSM-18 18 OГ 362x220x88 TSM-24 24 OГ 270x326x88 TSM-36 36 OГ 270x458x88 -
ПОК канали
ПОК канали изработени од самогасива компактна пластика, наменети за спровод на електрични кабли, обезбедувајќи соодветна заштита за самите кабли како и за опкружувањето.
-
Помошен контакт за автоматски осигурувач
Наменет е за сигнализација при прекин на главното енергетско коло на автоматскиот осигурувач. Со него се овозможува далечинска контрола на главното енергетско коло.
-
Префрлувачи и тастери
Голем избор на прекинувачи, тастери и сигурносни прекинувачи за автоматика и процесно управување, изработени по европски стандард.
-
Реле со подножје (11 пинско)
• Три одделни NC + NO контакти со декларирана струја од 10А
• Вграден LED индикатор
• Голема издржливост (минимум 10 000 000 операции)
• 11 – пинско подножје