Производи
-
Автоматски осигурувачи
Наменет е за заштита од краток спој и струјно преоптоварување кај електро мотори, автоматика, куќна инсталација, дистрибутивни системи, осветлување, греење и тн, Кај овој тип на осигурувачи е применета најнова технологија. Неговите одлични перформанси се засновани на големата способност за брз прекин на електричниот лак и зголемената безбедност во случај на куса врска.
-
Стаклен осигурувач
Време на реакција на осигурувач 20/5мм
Декларирана струја (А) 1.5 x In – минимум 2.1 x In – минимум 2.75 x In – мин./макс. 4.0 x In – мин./макс. 10.0 x In – мин./макс. 0,02 60минути – – 0,04/3сек 0,01/0,3сек 0,032-0,1 60минути 120сек. 0,2/10сек 0,04/3сек 0,01/0,3сек 0,125-6,3 60минути 120сек. 0,6/10сек 0,15/3сек 0,02/0,3сек 8-20 30минути 120сек. 0,6/10сек 0,15/3сек 0,02/0,3сек -
Трополни осигурувачи со прекинувач
SR 17 трополниот осигурувач со прекинувач наменет за работен напон до 690V, номинална струја до 630А, при фреквенција од 50Hz, се употребува во дистрибутивни системи како главен енергетски прекинувач, изолиран прекинувач, сигурносен прекинувач, прекуструјна заштита и заштита при краток спој.
-
ДМ контактор
ДМ контакторот е наменет за прекуструјна заштита, заштита при краток спој и при недостиг на фаза на мотори за наизменичен напон до 660V, фрекфенција 50/60Hz и струја до 40 А.
Има можност за директно стартување/сопирање на електромотори без додатни компоненти во опсег на работа AC3.
-
ДМ контактор
Модел Номинален напон (V) Номинална струја на кoнтакт (А) Спецификација MSGV2-Au20 690 6 2NO MSGV2-Au 11 690 6 1NO + 1NC
Специфицирани според стандардот IE947.2 и IEC947.4.1 -
GMC Контактор
GMC серијата на електромагнетни АС контактори, употребливи при фрекфенција 50/60Hz, номинален напон до 1000V и струја од 9 до 85A во режим на работа АС3. Главна примена му е за формирање и прекинување електричен круг на долги растојанија, старт, стоп и контрола на АС мотори и грејни тела. Се употребува во комбинација со LKH биметалот за формирање на стартен круг за АС мотори.
-
Солид стејт реле
Солид стејт реле претставува безконтактен прекинувач кој се управува со мал контролен напон каков што овозможуваат TTL и CMOS интегралните кола. Излезниот степен го сочинува моќен триак кој овозможува брзо вклучување и исклучување на потрошувачот. Влезниот и излезниот степен се одвоени со оптички елемент. Споредено со електромагнетно реле (контактор), има повеќе предности како што се: пократко време на реакција, тивка работа што не предизвикува никакво вознемирување во околината, подолг работен век и слично.
-
Реле со подножје (11 пинско)
• Три одделни NC + NO контакти со декларирана струја од 10А
• Вграден LED индикатор
• Голема издржливост (минимум 10 000 000 операции)
• 11 – пинско подножје