Начин на контрола
Метод на активирање со поминување низ нулта состојба:

Метод на контрола на излезниот напон преку поместување на аголот на активирачкиот импулс на излезниот триак со потенциометар 470KW / 2W.

Апликации
Солид стејт реле претставува безконтактен прекинувач кој се управува со мал контролен напон каков што овозможуваат TTL и CMOS интегралните кола. Излезниот степен го сочинува моќен триак кој овозможува брзо вклучување и исклучување на потрошувачот. Влезниот и излезниот степен се одвоени со оптички елемент. Споредено со електромагнетно реле (контактор), има повеќе предности како што се: пократко време на реакција, тивка работа што не предизвикува никакво вознемирување во околината, подолг работен век и слично.
Reviews
There are no reviews yet. Add a review