релеи
-
Изолирани кабел папучи
Изолираните кабел папучи се добар избор за завршна конекција на кабли. Се изработуваат во повеќе типови (окасти, виљушкасти папучи, туљци и автоклеми).
-
Префрлувачи и тастери
Голем избор на прекинувачи, тастери и сигурносни прекинувачи за автоматика и процесно управување, изработени по европски стандард.
-
Реле со подножје (11 пинско)
• Три одделни NC + NO контакти со декларирана струја од 10А
• Вграден LED индикатор
• Голема издржливост (минимум 10 000 000 операции)
• 11 – пинско подножје -
Солид стејт реле
Солид стејт реле претставува безконтактен прекинувач кој се управува со мал контролен напон каков што овозможуваат TTL и CMOS интегралните кола. Излезниот степен го сочинува моќен триак кој овозможува брзо вклучување и исклучување на потрошувачот. Влезниот и излезниот степен се одвоени со оптички елемент. Споредено со електромагнетно реле (контактор), има повеќе предности како што се: пократко време на реакција, тивка работа што не предизвикува никакво вознемирување во околината, подолг работен век и слично.
-
GMC Контактор
GMC серијата на електромагнетни АС контактори, употребливи при фрекфенција 50/60Hz, номинален напон до 1000V и струја од 9 до 85A во режим на работа АС3. Главна примена му е за формирање и прекинување електричен круг на долги растојанија, старт, стоп и контрола на АС мотори и грејни тела. Се употребува во комбинација со LKH биметалот за формирање на стартен круг за АС мотори.