релеиконтролаизаштита
-
Коректор на напон
Коректорот на напон се употребува за корекција на мрежниот напон со што се овозможува на уредите во домаќинството и индустријата да функционираат нормално.
-
Трансформатор
Нисконапонски мрежни – суви ТРАНСФОРМАТОРИ со моќност 10-6000 VA монофазни и 2KVA – 55 KVA трофазни, стандардна изведна со влезно/излезни карактеристики по потреба на клиентите.
-
Сонди
Различните типови на сонди доаѓаат со повеќе функции според намената: индуктивни, отпорнички, фото, капацитивни, звучни и температурни. Се употребуваат во автоматика, температурна контрола, процесно управување и т.н.
-
Реле со подножје (11 пинско)
• Три одделни NC + NO контакти со декларирана струја од 10А
• Вграден LED индикатор
• Голема издржливост (минимум 10 000 000 операции)
• 11 – пинско подножје -
Солид стејт реле
Солид стејт реле претставува безконтактен прекинувач кој се управува со мал контролен напон каков што овозможуваат TTL и CMOS интегралните кола. Излезниот степен го сочинува моќен триак кој овозможува брзо вклучување и исклучување на потрошувачот. Влезниот и излезниот степен се одвоени со оптички елемент. Споредено со електромагнетно реле (контактор), има повеќе предности како што се: пократко време на реакција, тивка работа што не предизвикува никакво вознемирување во околината, подолг работен век и слично.