гмц
-
Изолирани кабел папучи
Изолираните кабел папучи се добар избор за завршна конекција на кабли. Се изработуваат во повеќе типови (окасти, виљушкасти папучи, туљци и автоклеми).
-
Префрлувачи и тастери
Голем избор на прекинувачи, тастери и сигурносни прекинувачи за автоматика и процесно управување, изработени по европски стандард.
-
Трансформатор
Нисконапонски мрежни – суви ТРАНСФОРМАТОРИ со моќност 10-6000 VA монофазни и 2KVA – 55 KVA трофазни, стандардна изведна со влезно/излезни карактеристики по потреба на клиентите.
-
Лед индикаторска сијаличка
Димензии:
Ф22mm / Ф16mm
Бои:
Црвена / Зелена / Жолта / Сина
Напон: 220 VAC
-
ДИН шина
Практични за монтирање на различни модуларни единици.
Технички податоци:
– Челик, топло поцинкувана со дебелина од 1,1mm.
– Алуминиумска со дебелина 1mm.
– Должина: 1m или по нарачка.
-
Реле со подножје (11 пинско)
• Три одделни NC + NO контакти со декларирана струја од 10А
• Вграден LED индикатор
• Голема издржливост (минимум 10 000 000 операции)
• 11 – пинско подножје -
Солид стејт реле
Солид стејт реле претставува безконтактен прекинувач кој се управува со мал контролен напон каков што овозможуваат TTL и CMOS интегралните кола. Излезниот степен го сочинува моќен триак кој овозможува брзо вклучување и исклучување на потрошувачот. Влезниот и излезниот степен се одвоени со оптички елемент. Споредено со електромагнетно реле (контактор), има повеќе предности како што се: пократко време на реакција, тивка работа што не предизвикува никакво вознемирување во околината, подолг работен век и слично.
-
GMC Контактор
GMC серијата на електромагнетни АС контактори, употребливи при фрекфенција 50/60Hz, номинален напон до 1000V и струја од 9 до 85A во режим на работа АС3. Главна примена му е за формирање и прекинување електричен круг на долги растојанија, старт, стоп и контрола на АС мотори и грејни тела. Се употребува во комбинација со LKH биметалот за формирање на стартен круг за АС мотори.