Добредојдовте на официјалната веб страница на ПРОМЕТАЛ Велес
+389 (0)70 31 55 40
+389 (0)75 698 552
info@prometal.mk
prometaldooel@yahoo.com

Индустриска гама

  • 3 (2)398a8bc2e3f7f879ff0986359513be80_L

    Реле со подножје (11 пинско)

    • Три одделни NC + NO контакти со декларирана струја од 10А
    • Вграден LED индикатор
    • Голема издржливост (минимум 10 000 000 операции)
    • 11 – пинско подножје

  • 2 (1)56dab2b3675237b0ba79395c67ee9ae4_L

    Солид стејт реле

    Солид стејт реле претставува безконтактен прекинувач кој се управува со мал контролен напон каков што овозможуваат TTL и CMOS интегралните кола. Излезниот степен го сочинува моќен триак кој овозможува брзо вклучување и исклучување на потрошувачот. Влезниот и излезниот степен се одвоени со оптички елемент. Споредено со електромагнетно реле (контактор), има повеќе предности како што се: пократко време на реакција, тивка работа што не предизвикува никакво вознемирување во околината, подолг работен век и слично.

  • 31

    LKH Биметал реле

    LKH биметалот се користи за заштита на АС моторите од преоптоварување, при прекин на фаза и краток спој. Наменети се за директна монтажа на електромагнетен контактор.

    LKH биметалот се монтира директно на електромагнетен контактор GMC без дополнителни држачи. Командиниот круг е електрички одвоен од енергетскиот, а куќиштето  овозможува безбедност при употреба и лесно ракување.

  • gmc91 (5)

    GMC Контактор

    GMC серијата на електромагнетни АС контактори, употребливи при фрекфенција  50/60Hz, номинален напон до 1000V и струја од 9 до 85A во режим на работа АС3. Главна примена му е за формирање и прекинување електричен круг на долги растојанија, старт, стоп и контрола на АС мотори и грејни тела. Се употребува во комбинација со LKH биметалот за формирање на стартен круг за  АС мотори.

  • 2 (3)

    ДМ контактор


    Модел Номинален напон (V) Номинална струја на кoнтакт (А) Спецификација
    MSGV2-Au20 690 6 2NO
    MSGV2-Au 11 690 6 1NO + 1NC

    Специфицирани според стандардот IE947.2 и IEC947.4.1

  • 1 (4)

    ДМ контактор

    ДМ контакторот е наменет за прекуструјна заштита, заштита при краток спој и при недостиг на фаза на мотори за наизменичен напон до 660V,  фрекфенција 50/60Hz и струја до 40 А.

     

    Има можност за директно стартување/сопирање на електромотори без додатни  компоненти во опсег на работа AC3.